Калинин и Макаров во моментот се погодува да се увид на сообраќајна несреќа во близина на Универзитетот кога кон нив дотрчуваат неколку студенти и им кажуваат за масакрот кој се одвива. Како што раскажува, тој и неговиот партнер Макаров веднаш истрчуваат кон Универзитетот.
Кога пристигнува таму тој здогледува вооружен млад човек како се симнува по скали.
„Го извикав и му наредив да го фрли оружјето. Потоа, момчето ја впери пушката кон мене и испука. Морав да го употребам моето оружје. И тој падна,“ раскажува Калинин.
Тој тогаш истрчува до убиецот, му става лисици, ги отстранува оружјето и муницијата, и почнува да му дава прва помош.
Во тој момент, само заради интервенцијата на Калинин, масакрот завршува.
Калинин и Макаров се разделуваат пред да почне престрелката со убиецот, па Макаров несвесен за тоа што се случува на другата страна, влегува во зградата и почнува со организирање на евакуација на студентите и да ги вади од зградата.
Паралелно со масакрот се рашири веста за тамошниот професор по Историја на руската литература, Олег Сиромјатњиков, кој во моментот на нападот им забранил на студентите да ја напуштат училницата и продолжил да држи предавање. Тој одбил да им дозволи да се забарикадираат со клупите, а со самото тоа што не им дозволил да напуштат, ги прекршил правилата за дејствување во случај на терористички напад. Ваквата одлука првично ги разгневува студентите и нивните родители кои го напаѓаат професорот дека ги загрозил учениците со тоа што не ги пуштил да си одат, и дека можело да се случи далеку поголем масакар.
Како што подоцна објаснува, во училницата не се слушале истрелите, а кога меѓу студентите почнала да се шири паниката и информацијата за пукањето, тој бил во контакт со деканот кој му рекол да не дозволува да се прави дополнителна паника. Заради ова тој само ја заклучил металната врата од предавалната која наводно не можела да биде пробиена со куршум, а во однос на барикадирањето објаснил дека е залудно да се блокира врата која се отвора кон надвор. Според професорот, главна задача било да се спречи паниката за студентите да не почнат да скокаат од петтиот кат. Тој појаснил дека е поранешен полицаец и знае како да се справи со такви ситуации.
На крај, меѓу студентите на Сиромјатњиков нема ниту една жртва.