Љубљанско Дело пишува дека има повеќе случаи на луѓе кои за неколку стотини евра се подготвени да се вакцинираат со документи од побогати антиваксери. На првите им требаат пари за живот, на вторите им треба потврда дека се вакцинирани за послободно да го тераат животот.
Тие објавуваат за случајот на еден зависник од љубљанската населба Штепањ кој до сега се има вакцинирано 23 пати, а новинарите лично разговарале со друго момче кое до сега четири пати се има вакцинирано. Според вториов уште во мај годинава луѓе почнале да бараат некој да ги замени на вакцинирање.
Претходно, словенечкиот портал 24ur.com објави сторија за двајца бездомници од кои едниот тврдеше дека примил четири, а другиот седум дози вакцина. Цената за ваквата услуга била меѓу 150 и 350 евра.