Откако сами ја објавија насловната во твит, Лансет беше преплавен од критики за сексизам, а во подрастичните реакции академици откажуваа претплати на магазинот и дадоа отказ како рецензенти.
Насловната се однесува на текст во кој се рецензира историјата на менструацијата во Вагина музејот во Лондон, во кој авторот четири пати го користи терминот „жена“, но исто така ја користи и фразата „тело со вагина“. Токму цитат со оваа фраза е изваден и за насловната на магазинот.
Реакциите на академиците беа:
- „Само што им пишав на Лансет да ме тргнат од нивната листа на рецензенти, да ја откажат мојата претплата и никогаш повеќе за ништо да не ме контактираат.
Ова е апсолутно недозволив јазик за опишување на жени и девојки.“
- „Можеш да биде инклузивен и без да бидеш навредлив и груб. Како воопшто се осмелувате да нè дехуманизирате со ваква изјава?“
Гневот е и околу двојните стандарди, бидејќи пред само неколку денови Лансет објавува текст за 10 милиони мажи кои живеат со рак на простата, во кој ниту еднаш не е искористен терминот „тела со пениси“.
Сведувањето на жените на анатомија се толкува како дел од обидот на Лансет да биде „поинклузивен“ околу транс-родовите теми и прашања.