Анка Лакатуш вели дека тој во низа наврати го користел теминот „bird“ кога ѝ се обраќал како на женска колешка иако оваа му рекла да не ѝ збори така. Тој пак тврдел дека тоа му излетало еднаш или двапати (хмм, излетало).
Трибуналот довербата ѝ ја дал на Лакатуш која вели дека Џејмс Кингхорт точно знаел што значи така да ѝ се обраќа бидејќи ѝ напомнал да не го пријавува во кадрово (по ново Ејч Ар).
„Иако намерата можеби била тој термин да се сфати хумористично, наивно е да се верува дека таков речник на сите ќе им биде забавен. Нанесена е ненамерна навреда за госпоѓа Лакатуш“, изјави еден од судиите во случајот во кој дополнително ќе се одреди отштетата која ќе треба да ја плати банката.
Барклис веднаш се согласи со одлуката на судот
„Инклузивна и почитувачка работна култура е суштински важна за нас. Се согласуваме дека речник каков што употребила таа индивидуа (баш така го крстиле шефот - н.з.) е несоодветен и неприфатлив“, соопштија од Барклис.
Одиме со една сексистичка: