Тиктокерка упропасти илјадници научни студии

Видео од 56 секунди направено од тинејџерка е причина зошто илјадници научни студии мораа да фрлат податоци што со недели ги собирале за своите истражувања.

На видеото од 23 јули, Сара Франк насмеана на својата публика и кажува начини како да заработат некоја пара на страна, во случајов конкретно преку веб-страната Профилик.ко. Во месецот по ова видеото е прегледано 4,1 милион пати, а на Профилик пристигнуваат десетици илјади нови корисници.


@sarahndom

Профилик е алатка што научниците ја користат за одредени бихевиорални истражувања. Од една страна научници објавуваат истражувања што сакаат да ги прават, од друга страна ти како корисник се најавуваш и даваш генерални информации за себе. Во зависност од личните карактеристики што си ги внел, платформата ти дава истражувања во кои можеш да учествуваш, главно преку одговарање на прашања. На крај добиваш пари за одговорите.

Проблемот што Франк го направи за Профилик и за научниците е што платформата од една страна немаше алатка која ќе осигури дека одговорите на секоја студија се од репрезентативен примерок на населението, од друга страна научниците, кои се навикнати да добиваат одговори од широка мешавина на луѓе одеднаш се преплавени со одговори од млади жени на возраст на Франк.

Во деновите по објавата на Франк, истражувачите почнуваат да забележуваат чудни резултати и дека нешто се случува.

Технолошкиот директор на Профилик објавил дека околу 4.600 студии биле прекинати заради видеото на Франк, што е третина од сите студии што биле активни на платформата во тоа време. По ова компанијата им ги надоместува парите на научниците што биле зафатени со проблемот, и воведува нови алатки за следење на демографијата.

Позитивно во сето ова е што напливот на нови корисници го освежил изборот на луѓе што го имаат на располагање за пополнување на анкетите, бидејќи кога луѓе пополнуваат голем број психолошки прашалници „тие ги учат финтите што научниците ги користат за собирање на податоците, и тоа може да влијае на начинот на кој одговараат во иднина.“

Профилик е дел од мала колекција на он-лајн алатки која целосно ја има изменето постапката на која се студираа начинот на кој луѓето размислуваат и се однесуваат.

„Претходно сите општествени истражувања мораа да се случат во лабораторија. Требаше да донесеш бруцоши, да им дадеш да пополнуваат прашалници, анкети и што уште не.

Тоа е доста напорен потфат и за работа и временски. Онлајн истражувањето го прави сето ова многу полесно. Програмираш истражување... го ставаш он-лајн и за еден ден имаш 1.000 одговори.

Ова го измени ликот на општествените науки,“ објаснува директорот на Бихевиоралната лабораторија на Станфорд, Николас Хол.

28 септември 2021 - 12:40