Магазинот Сајентифик Американ неделава објави статија со наслов „Зошто терминот Џедај е проблематичен за промовирање правда, еднаквост, диверзитет и инклузија.“ Не само проблематичен туку и штетен за промовирање на наведените каузи.
За разјаснување: терминот е позајмен од Војна на ѕвездите но во општествените науки се користи како акроним за иницијативи со социјална тематика и означува Justice, Equity, Diversity и Inclusion (JEDI).
„Поедноставно кажано, багажот на Џедаите и на Стар Ворс е премногу тежок товар за нашите иницијативи насочени кон правдата и веројатно ги поткопуваат тие напори,“ објаснува артиклот.
Меѓу обвиненијата на адреса на теминот Џедај се некаква „закана за инклузивноста и чувството на припадност“ и „проблматичното културно наследство на Војна на ѕвездите.“
Нормално, Сајентифик Американ беше прописно изруган на Твитер и другите социјални медиуми или пак прежален како уште една жртва на „разбуденоста“.
А сега за Марвел. Дизни реши за ЦЕО да ја промовира Викторија Алонсо, која 15 години е дел од компанијата и се бавела со визуелни ефекти и пост-продукција.
И пред промоцијата на ова моќно место, Алонсо изјавуваше дека името на екипата на мутантите на Марвел е застарено бидејќи е само „мен“ а во екипата има и жени.
„Бидете трпеливи со нас,“ побара Алонсо објаснувајќи дека нејзиниот тим „активно работи“ универзумот на компанијата да го направи „што е можно повеќе инклузивен и диверзифициран“.
За почеток, Локи е направен флуиден. Не бил ни машко ни женско туку можел да менува родови како му е волја.
Новата извршна директорка на Марвел додаде дека и други ликови вон Марвел ќе минуваат низ процеси на „будење“.