Вести

Трезори за супербогати сто метри под Алпите

Швајцарска компанија копа мрежа од бункери длабоко под Алпите во која супербогати клиенти ќе можат да ги чуваат своите пари, накит, уметнички колекции, па дури и лимузини. За сума до 1 милион франци, клиентите добиваат апсолутна анонимност и право да складираат што сакаат во период од 99 години. Единствено е забрането внесување експлозиви и дрога.

Големите американски градови забрзано губат деца

Бројот на деца опаѓа низ целата територија на САД, но причината не е само рекордно ниската стапка на наталитет во земјата. Падот е особено изразен во големите градови. Во некои има повеќе жители, но помалку деца. Соочени со високите трошоци, нарушената безбедност и влошувањето на квалитетот на живот, семејствата со мали деца едноставно се селат во помалите места.

Кина го отвора Ледениот пат на свилата

Војната во Иран не само што ја остави Кина без нафта и гас од Персискиот залив, туку ѝ го блокираше главниот трговски канал до Европа. Тоа го охрабри Пекинг да ги забрза напорите да ја пробие алтернативната трговска рута, преку Арктикот. Брод натоварен со контејнери денеска ја отвора првата редовна линија од „Ледениот пат на свилата“ до Британија.

Речник

Трамп бара помош од приватни компании за хакерски напади

Администрацијата на Трамп охрабрува приватни компании да спроведуваат кибернетски напади против меѓународни хакери кои ги загрозуваат американските интереси или инфраструктурата. Со ова САД ќе можат да ја заострат војната на кибернетското бојно поле и притоа да отфрлаат директна одговорност – тактика што веќе ја користат Пекинг, Русија и Пјонгјанг.

Универзитет ги укинува оценките за да ги мотивира бруцошите

Универзитетот во Мичиген ќе го укине традиционалниот систем на оценување на студентите од првиот семестар за да не ги обесхрабри уште на почетокот од студирањето. Наместо оценки што одразуваат колку добро го совладале материјалот едноставно ќе бидат известени дали го положиле испитот. Харвард, пак, го заострува оценувањето за да ја поттикне конкуренцијата.

Украински дронови растуриле американска оклопна бригада на воени вежби

Американците ќе треба сериозно да го преиспитаат капацитетот за модерно војување на копно. На воени вежби во Германија, елитна оклопна бригада од базата Форт Худ во Тексас била разбиена при секое соочување со украински дронови управувани од ветерани од војната со Русија. Пентагон побара уште милијарди долари за системи за одбрана од дронови.

Пандемијата ни ги оќоравува децата

Човечкото око не е создадено само блиску да гледа. Особено не е создадено за предолго да гледа во директен извор на светлина (туку во нејзин отсјај по објектите). А токму таков е животот пред мониторите и екраните, тие пандемиски прозорци кон светот.

Стигнува вакцина против ковид што се јаде

Изедеш патлиџан и чекаш да ти растат антитела на ковид-19. Тоа е идејата на група научници што успеале да вметнат коронавирус во растителна клетка, по што тој плод треба да делува како имунизатор.

Дамски гамбит има реплика од потенцијални 5 милиони долари

Во последната епизода од мега-успешната серија на Нерфликс, еден фикционален шаховски коментатор изрекува коментар за исто така фикционалната главна хероина во серијата. Коментарот му донесе на Нетфликс тужба од 5 милиони долари.

Маск ги спрда инвестициите на Безос

„Ако не успее, ќе ја тужи смртта,“ нафрли Елон Маск за инвестициите на неговиот ривал во една загадочна биотехнолошка компанија. Алтос Лабс работи на бесмртност.

Како се одвиваше најголемата подморничка битка во историјата

Франција е главниот губитник откако без ниту едно испукано торпедо заврши со загуба на подморници од 90 милијарди долари, како колатерална штета во битката беше начнато и НАТО каде се очекува повредата и проблемите од неа допрва да метастазираат, навидум како победници излегоа САД, Австралија и Британија, а целиот судир само дополнително ја накостреши Кина.

„Освестеноста“ и „откажувањето“ полека стануваат чисто рекетарство

Група ветерани од изборната кампања на Камала Харис отворија фирма чија главна дејност е да им помагаат на ЦЕО-а да не бидат „откажани“ и да ги советуваат компаниите како да одговорат на „променливите културолошки норми пред да се соочат со криза“.

Евергранд, кинескиот градежен џин што брои ситно до пропаст

Компанијата има стотици илјади станови низ Кина, има и илјадници Кинези кои уплатиле стан кај нив и чекаат, ама има и долг од над 300 милијарди долари, и крајниот исход од сето е многу блиску до банкрот.

Американска компанија верува дека сега е времето да оживее мамут

Целиот план во глобала се базира на технологијата на која се базира и филмот Паркот Јура, само наместо диносауруси американските генетичари ќе сакаат да се пробаат со мамути, и не заради парк, туку за борба со климатските промени.

Кај повозрасните заштитата од 3-та доза Фајзер трае најмалку 12 дена

Масовна студија објавена во Журналот за медицина на Њу Ингланд ги анализира бројките од вакцинирањето со трета доза Фајзер-Бионтек во Израел и заклучува дека заштитата од нејзе кај лицата над 60 години трае барем 12 дена.

Кој ќе ги брани правата на лезбејките од правата на трансџендерите?

Француски лезбејки обединети во групата „Резистанс лезбиен“ учествуваат на Прајд парадата во Бордо со транспарент кој изразува една од нивните клучни заложби „Лезбејките не сакаат пениси“, и на лице место се нападнати, ама не од вообичаените осомничени.

Троен пакт против Кина

АУКУС е името на новиот пакт составен од Австралија, Британија и САД, а чија единствена цел е да се спротивстави на Кина. И ова веднаш беше критикувано од Кина... и од Франција.

Пријателката на Лавров со стан во Москва од 8 милиони евра

Светлана Полјакова е вработена во руското министерство за надворешни работи на позиција која никако не го оправдува нејзиното портфолио на луксузен имот и влијание што го има во министерството.

После анти-тела, ќе мериме ли и ензими?

Студија на Универзитетот во Аризона открила ензим чија количина и циркулација може да биде клучен прогнозер дали некој пациент ќе умре од ковид-19.

Кој е овластен да го гаси микрофонот на Бајден?

Едно од прашањата кое излезе за време на сослушувањето на американскиот државен секретар Ентони Блинкен пред Сенатот, е да објасни кој го контролира копчето за гасење на микрофонот на Бајден за време на јавните настапи.

Што е до Австрија, што сакаат нека прават бегалците од Авганистан

Премиерот Себастијан Курц, порача дека Виена нема да прими ниту еден единствен Авганистанец што избега од Кабул по доаѓањето на талибанците, бидејќи ем доста им се тие што ги имаат, ем и со тие бавно одат работите.

Зошто дадов оставка

Питер Богосиан е филозоф и професор по филозофија на Универзитетот Портланд Стејт, до пред некој ден кога поднесува оставка бидејќи, како што вели, „колку повеќе зборував за нелиберализмот што го проголта универзитетот, толку повеќе се соочував со одмазда“.

Не така зелената страна на зелената енергија

Џиновските перки се веројатно најслабата алка на ветерниците кои генерираат електрична енергија, бидејќи ем се еден од најпотрошните делови на целата инсталација, ем кога ќе им дојде крај на векот нема што да се прави со нив.

Фејсбук корисници и ВИП Фејсбук корисници

Фејсбук има програма во која милиони ВИП корисници се заведени на белата листа со што се ставени вон сите правила и стандарди за модерирање на содржини на социјалната мрежа.

26 од 27 научници што негираа дека ковид потекнува од лабораторијата во Вухан се поврзани со Вухан

Само еден од научниците што во март 2020 го потпишаа писмото објавено во најважниот светски медицински журнал, Лансет, во кое „најостро се осудуваат теориите за заговор“ дека коронавирусот е протечен од кинеска лабораторија, немал конекции со научниците од лабораторијата во Вухан, нивни финасиери или соработници.

Терористот на Шредингер

Во пресрет на 20 годишнината од 11 септември 2001 година, се појави ново видео со еден од лидерите на Ал каеда, Ајман ал-Завахири. Човекот за кој со месеци се веруваше дека е мртов.

Талибанците почнаа да глумат држава како по скрипта

Изминативе недели талибанците како никогаш до сега и како по учебник даваат се од себе за да бидат барем малку допадливи, да се покажат како ослободители на Авганистан, и дека нивното владеење (наспроти тоа што хејтерите низ светот сакаат да го прикажат) има целосната поддршка од населението, и посебно од жените.

Кампот во Бардовци е по мерка на Данска

Данска ја поддржа Хрватска што не сака да прима бегалци и опиша како мисли да успеат со нивната политика за нула бегалци (ка нив): со доволно прифатни центри во други земји.

Уште една трансродова жена успешно претепа жена во ММА

38-годишната Алана Меклофлин победи во својата прва ММА борба во кариерата поразувајќи ја Селин Провост. Пред да се реши да биде ММА борец во женска категорија, Меклофлин беше машко и служеше неколку години во Ирак како специјалец во американската армија.

Алцхајмер од улицата близу вас

Изложеноста на галама од сообраќајот е поврзана со зголемен ризик од Алцхајмер, покажува нова масовна и долгорочна студија која опфаќа 2 милиони возрасни учесници.