Кога го има во големи количини, овој ензим станува способен да ги стеснува мембраните кај виталните органи.
„Ензимот се труди да го убие вирусот, но, во одредена точка, работите тргнуваат во погрешен правец и тој почнува да ги уништува клеточните мембрани што доведува до колапс на повеќе органи одеднаш и смрт“, објаснува Флојд Чилтон, еден од авторите на студијата.
Нивните анализи на илјадници примероци покажале дека додека повеќето здрави луѓе вообичаено имаат половина нанограм од овој ензим во еден милилитар, 63% од луѓето кои починале од ковид имале преку 10 нанограми.
Овој ензим има ист генетски предок како и клучниот ензим кој го има во отровот на змиите. Како што отровот патува преку крвта, ензимот ги врзува рецепторите на нервните јазли на мускулите и на тој начин ја стопира нивната функционалност.
Со оглед на тоа што некои луѓе тешко и долго се опоравуваат од ковид и притоа имаат проблем да препешачат и мали растојанија, следните истражувања ќе се фокусираат на тоа дали присуството и количините на истиот ензим се одговорни и за оваа телесна слабост.
Ензимот е sPLA2-11A.