„Освестеноста“ и „откажувањето“ полека стануваат чисто рекетарство

Група ветерани од изборната кампања на Камала Харис отворија фирма чија главна дејност е да им помагаат на ЦЕО-а да не бидат „откажани“ и да ги советуваат компаниите како да одговорат на „променливите културолошки норми пред да се соочат со криза“.

Џон Хенес

Името на фирмата е Ц стрит адвајзори груп, предводена од Џон Хенес, поранешен финансов директор во претседателската кампања на Харис, „кој очекува да ја искористи широката политичка мрежа на групацијата за да помогне во внесување разноликост во работната сила на корпоративна Америка“.

Ветераните на Камала планираат да ги искористат своите контакти во бизнис, правниот, академскиот и политичкиот свет да им помогнат на ЦЕО-ата да излезат што е можно помалку оштетени од некој скандал, кој без нивна помош би завршил со „откажување“ дали на производ, дали отказ на ЦЕО-то од компанијата.

Под „широка политичка мрежа“ се подразбира тоа што на пример освен Хенес од тимот на Камала, во фирмата меѓу другите има и тројца поранешни вработени на Клинтон фондацијата или советници за Бил или Хилари, двајца од Голдман Сакс, советник на претседателската кампања на Блумберг и.тн.

Компанијата е финансирана од Антара капитал, зад која стои моќниот Блекстоун, што се толкува како знак „дека големите финансиски фирми ја гледаат разноликоста како растечка индустрија“.

Иако сето ова вака коректно спакувано звучи како само уште еден непотребен корпоративен сервис, во пракса на аналитичарите ова многу им наликува на еквивалент на барање рекет за заштита, преку кој луѓето од Ц стрит ќе може во корпорациите да вработуваат луѓе „од својата мрежа“ со што ем ќе обезбедат корпорациите да се раат со разноликост, ем никој да не ги прозива, ем редовни приходи за компанијата.

17 септември 2021 - 16:31