Не толку долго откако вакцина против колера која беше подготвена од ориз во прав на Унниверзитетот во Токио се покажа како сигурна во првата фаза на испитување на луѓе, узбекистански научници објавија дека тестираат трансгенска вакцина од домат.
Заменик-директорот на нивниот центар за геномика и биоинформатика информираше дека научните истражувања започнале во јануари годинава, а дека моментално се експериментира на животни.
Штом заврши таа фаза, почнува првата фаза на клинички испитувања со кои треба да се провери колку оваа нивна прехранбена вакцина е безбедна и делотворна. Таа е развиена со менување на генетиката на доматот. Клонирале, наведуваат агенции, дел од коронавирус што бил најден во земја и го вметнале во растителна клетка, која потоа делува како вакцина.
Во лабораторијата планираат да одгледуваат такви домати-вакцини и очекуваат луѓето кои ќе ги јадат тие плодови да развиваат антитела против вирусот. На развој на вакцини што може да се јадат се работи и во други биотехнолошки компании во светот.
Ама е малку језиво: штом можат антивирус, значи најверојатно можат и вирус. Зависи што гајба ќе ти се падне.