До сега буката од сообраќај беше поврзана со серија сериозни болештии од срцеви заболувања до дијабетес и прекумерна дебелина, за сега на ова портфолио да се додаде и деменцијата.
Студијата објавена во Британскиот медицински журнал, доаѓа до заклучокот за поврзаноста меѓу галамата и зголемениот ризик од деменција, посебно Алцхајмер, по истражување кое трае повеќе од една деценија.
Што и да е заклучено во студијата, опасноста од галамата во сообраќајот сигурно е далеку поголема кај нас, бидејќи истражувањето е правено во Данска, што значи дански стандарди за старост и бука на возила (дански стандарди за возење мотор по булевар после полноќ), дански стандарди за градба, дански стандарди за звучна изолација, паркови, зеленило околу згради и.тн. Во студијата нивото на изложеност на најмалку и најмногу изложената страна на еден објект е мерена за секоја една резиденцијална адреса во земјата.
На крај, научниците заклучуваат дека 1.216 од 8.475 случаи на деменција во Данска во 2017 можат да бидат припишани на галамата од сообраќајот.
Едно од објаснувањата е дека буката од сообраќајот доведува до ослободување на хормони за стрес и го нарушува сонот, што може да доведе до срцеви заболувања, промени во имунитетниот систем и воспаленија.