Напаѓачот е транс-родов маж припадник на антифа, кој се обидува со бакља да изгори неколку од жените што го носат транспарентот. Тој е дел од група транс-активисти кои носат транспарент на кој со црвено е испишано „АНТИ ТЕРФ“.
ТЕРФ (trans-exclusionary radical feminist) е термин кој настана пред десетина година за обележување на радикални феминистки кои одбиваат секакви права за трансродовите жени, а денес е проширен и се користи како навреда за делот од лезбејската популација која инсистира на партнерки кои од раѓање се жени и одбива да прифати трансексуална партнерка.
Припадничките на групата вербално се нападнати и дека се трансфобни.
Резистанс лезбиен на својата Твитер сметка порачуваа „самиот концепт на не бинарност ја засилува идејата дека жената треба да биде женствена. Ајде да го уништиме патријархатот, а не нашите тела. Жени, родени сте во лошо општество, а не во лошо тело.“
Во јули истата група беше нападната од транс-активисти за време на Прајд парадата во Париз.