Пандемијата ни ги оќоравува децата

Човечкото око не е создадено само блиску да гледа. Особено не е создадено за предолго да гледа во директен извор на светлина (туку во нејзин отсјај по објектите). А токму таков е животот пред мониторите и екраните, тие пандемиски прозорци кон светот.

Кинески научници и американски очни специјалисти констатирале дека кај многу деца, видот се влошил за време на пандемијата, нејваројатно поради онлајн наставата и целиот животен стил во  пандемијата.

Во студијата тестирале група од 2.000 деца, пред да започне пандемијата и една година подоцна. Во првата година миопија имале 13% деца, на повторното тестирање уделот на кратковиди деца бил 30%.

Не сугерираат можни причини бидејќи не било испитувано колку време децата минувале пред монитор но наодите се поклопуваат со американските сознанија дека проблеми со видот имаат повеќето деца кои минуваат меѓу три и десет часа дневно пред екран.

Дополнителен аспект на проблемот е фактот дека што порано дете страда од миопија толку повеќе има ризици да се соочи со други очни проблеми подоцна во животот.

Златното правило во американски мерки е 20: 20: 20. После секои 20 минути гледање во екран, да се минат 20 секунди во гледање на нешто што е оддалечено минимум 20 фити (6 метри).

Излегување надвор му е мајката.

Види Дома е онаму каде што стануваш кратковид“.

**********

A види и (ако можеш):

А другата половина ќе биде саката

 

 

20 септември 2021 - 11:21