Што е до Австрија, што сакаат нека прават бегалците од Авганистан

Премиерот Себастијан Курц, порача дека Виена нема да прими ниту еден единствен Авганистанец што избега од Кабул по доаѓањето на талибанците, бидејќи ем доста им се тие што ги имаат, ем и со тие бавно одат работите.

Од 123 илјади цивили што САД ги извади од Кабул, ЕУ се согласи да прими околу 30.000, при што Германија и Франција порачаа дека со задоволство ќе ги прифатат бегалците. Наспроти нив е Австрија.

„Во нашата земја нема да примиме ниту еден од избеганите Авганистанци, се додека јас сум на власт.

Откако во изминатите години над 44.000 Авганистанци пристигнаа во нашата земја, Австрија веќе ја има четвртата по големина авганистанска популација во светот по глава на жител,“ изјавил Курц во интервју за италијанска Ла Стампа.

Тој појаснува дека не се работи за несолидарност на Виена со другите членки на ЕУ, туку едноставно „интеграцијата на Авганистанците е многу тешка, и бара обемни напори кои Австрија во моментов не може да си ги дозволи. Курц објаснил дека најголем дел од бегалците имаат ниско ниво на образование и комплетно поразлични вредности споредено со остатокот од австриската популација, надополнувајќи дека половина од младите Авганистанци што живее во Австрија поддржуваат религиозно насилство.

Тоа што може да го направи Австрија е да оддели 20 милиони евра за да им помогне на соседите на Авганистан да сместат што е можно повеќе бегалци.

Курц јавно ги опоменал сите дека одлуките на ЕУ од мигрантските криза во 2015, кога стотици илјади бегалци од Блискиот Исток и Северна Африка навјасаа во Унијата, повеќе „не можат да бидат решението ниту за Кабул ниту за Европската Унија“.

„Сега е јасно дека треба да се спротивставиме на нелегалната миграција и дека надворешните граници на Европа треба да бидат обезбедени за да се реши овој проблем,“ изјавил австрискиот премиер.

15 септември 2021 - 10:08