Дамски гамбит има реплика од потенцијални 5 милиони долари

Во последната епизода од мега-успешната серија на Нерфликс, еден фикционален шаховски коментатор изрекува коментар за исто така фикционалната главна хероина во серијата. Коментарот му донесе на Нетфликс тужба од 5 милиони долари.

Зборувајќи за главниот лик во Дамски гамбит, Бет Хармон, додека таа игра шах на Московскиот турнир, коментаторот вели:

„Единствената необична работа во врска со неа не нејзиниот пол. но дури и тоа не е невообичаено во Русија; тука е Нона Гаприндашвили, но таа е женски шампион и никогаш се нема соочено со машки противник.“

Што е тука проблемот? Тоа што Гаприндашвили не е измислен лик туку вистински шаховски шампион од Грузија и сега таа вели дека горната реплика не е точна.

Тужба.

До 1968 година, кога е сместена епизодата, таа има играно против најмалку 59 машки шахисти (28 од нив во симултанка), вклучувајќи десетмина велемајстори од тоа време, се наведува во тужбата која ја поднеле адвокатите на Гаприндашвили во Калифорнија. Последните тројца биле и светски шампиони во нивните кариери.

За серијата и за нејзината автентичност, Нетфликс имаше ангажирано двајца врвни шаховски авторитети како консултанти на проектот (Каспаров и Пандолфини) и во тужбата на Грузијката се вели дека нема шанси тие да не биле запознати со овие историски факти. Книгата врз основа на која е правена серијата исто така ѝ признава на Гаприндашвили, која е првата жена која го добива статусот на интернационален шаховски велемајстор, дека играла против машки велемајстори.

После премиерата на серијата, Гаприндашвили ги контактирала Нетфликс и ги замолила јавно да ја исправат непрецизноста, но овие ја отфикариле, велејќи дека спорната реплика е бенигна.

************

Види и:

Колку е реален шахот во серијата „Дамски гамбит“?

Коцка, алкохол и шах: животот на авторот на „Дамски гамбит“

 

20 септември 2021 - 09:46