Маск ги спрда инвестициите на Безос

„Ако не успее, ќе ја тужи смртта,“ нафрли Елон Маск за инвестициите на неговиот ривал во една загадочна биотехнолошка компанија. Алтос Лабс работи на бесмртност.

Најголемите инвестиции на Џеф Безос, еден од најбогатите луѓе на светот, како што се Амазон и Блу Ориџин се добро познати, но тој финансира и многу необични проекти. Еден од најнеобичните е инвестицијата во Алтос Лабс, биотехнолошка компанија која се интересира за репрограмирање на човечките клетки и развој на технологии за бесмртност. 

Алтос Лабс е замисла на еден друг милијардер, Јуриј Милнер, најмоќниот руски дигитален инвеститор, еден од првите кои насети идни технолошки гиганти во Фејсбук, Твитер и Шаоми.

Елон Маск тоа отворено го исмејува. Безос и Маск одамна се пингаат во јавноста а судирот стана отворен поради НАСА. Маск ја доби работата за одење на Месечина па Безос ја тужеше агенцијата по што таа го паузираше целиот проект, што пак директно го погоди Маск.

„Ако не успее, ќе ја тужи смртта,“ ги коментираше Маск на Твитер вестите дека Безос вложува во млада компанија која развива технологија против стареење.

„Зошто да не се помириме со фактот дека сме создадени да живееме и да умираме? Да се остане засекогаш млад не е така идеално како што замислува Безос,“ вели еден истомисленик.

Сепак, слични идеи им се врата во глава на уште некои милијардери. Лери Пејџ, Питер Тил и Лери Алисон се некои од последните кои активно инвестираат во истражувања чија цел е да го одложат стареењето.

Критичарите на Безос повторуваат дека наместо во компании како Алтос Лабс, попаметно би било сите тие милиони тој да ги потроши да гради школи и болници, да спречува војни и слични каузи кои не се чинат невозможни.

Луѓето знаат да бидат одлични менаџери со туѓи пари.

20 септември 2021 - 09:06