Кампот во Бардовци е по мерка на Данска

Данска ја поддржа Хрватска што не сака да прима бегалци и опиша како мисли да успеат со нивната политика за нула бегалци (ка нив): со доволно прифатни центри во други земји.

„Хрватската влада исправно постапува кога ги запира илегалните мигранти на своите граници,“ изјави Расмус Стоклунд, портпарол на владеачките социјалдемократи во Данска.

Притоа истакна дека нивниот пристап е сè поприфатен во Европската Унија.

„Последните години донесовме многу јасна стратегија за избегнување секоја година да ни се повторува да дочекуваме бегалци од Блискиот исток или од африканските земји. Ние сме сведоци на судир на културите во многу области: во односот кон работата, општите слободи, воспитувањето на децата...“

Данска има репутација на една од најсреќните земји на светот а последниве години е позната и по стратегијата за мигрантите и соодветните закони кои треба да го сведат бројот на барања на азил на нула.

„Ние водиме преговори со различни земји вон Европа во кои би се формирале центри за лица кои бараат азил во Данска. Доколку тие луѓе успеат да влезат во нашата земја, би ги праќале во тие центри и таму би се решавал нивниот статус,“ изјави Стоклунд прецизирајќи дека во моментов се преговара со Египет, Еритреја, Руанда и Етиопија.

Стоклунд рекол дека и околу можната криза со бегалци од Авганистан, повеќето земји од ЕУ го застапуваат данскиот принцип - на тие луѓе да им се помага пред да тргнат кон Европа.

„На последниот состанок на Европскиот совет бевме многу среќни кога видовме дека ниедна европска земја не сака да им прати сигнал на бегалците од Авганистан да дојдат кај нив, Не е тоа никаква новина. Земјите сфатија дека не е одржливо да се повтори ситуацијата од 2015 година,“ порача портпаролот на владеачките дански социјалдемократи.

*********

Види и:

Има нешто 30% во државата Данска

13 септември 2021 - 11:43