Предлогот најверојатно ќе пројде бидејќи има поддршка и од власта и од опозицијата, а со тоа Данска ќе стане првата членка на ЕУ која бегалците ќе ги „обработува“ вон Европа.
Со ова секој бегалец, главно од надвор од Европа, кој ќе пристигне во Данска ќе биде префрлен во трета држава.
Клучно е што дури и да е успешна апликацијата и прифатена, на бегалецот ќе му биде дозволено да остане во третата држава, а ако е неуспешна, државата ќе може да го депортира во земјата од која потекнува.
Данска предводена од министерот за имиграција, Матиас Тесфае, член на социјалдемократите кој и самиот е син да мигрант од Етиопија, и пред овој закон ги имаше најстрогите позиции во однос на миграцијата во ЕУ.
Таа е и прва европска држава која ја прогласи областа околу главниот град на Сирија, Дамаск, како безбедна за бегалците да се вратат во неа. Дома данската влада презема присилно иселување во мигрантските населби за да ги разбие гетата во неколку дански градови.
Тесфае објаснува дека главна цел на новиот закон е да се намали бројот на „спонтани“ баратели на азил во Данска.
Најверојатно, третата држава во случајот ќе биде Руанда.