Правилото е дека на обичните корисници Фејсбук инстантно може да им избрише содржина доколку вештачката интелигенција или платените модератори проценат дека таа прекршува некое од правилата на компанијата.
За разлика од нив ВИП корисниците влегуваат во „Крос чек“ програмата која спречува инстант отстранување на содржината, и наместо тоа сите спорни постови се препраќаат во посебен систем за модерирање. Спорните содржини од ВИП корисниците се прегледуваат и од подобро обучени модератори кои се вработени со целосно работно време, наместо само привремено.
Вол стрит журнал, кој ја објавува веста, тврди дека внатрешните документи на Фејсбук покажуваат дека во 2020 имало 5,8 милиони ВИП корисници.
Како пример за ВИП корисник е наведен фудбалерот Нејмар, кој во 2019 на својот профил објави фотографија од гола жена што го имаше обвинето за силување. Ваков тип на содржина обично инстантно би бил избришан, но самото тоа што е дел од крос чек програмата ги спречи Фејсбук модераторите веднаш да му ја избришат фотката и да го блокираат профилот.