Терористот на Шредингер

Во пресрет на 20 годишнината од 11 септември 2001 година, се појави ново видео со еден од лидерите на Ал каеда, Ајман ал-Завахири. Човекот за кој со месеци се веруваше дека е мртов.

Една американска организација која ги мониторира активностите на терористичките веб сајтови и мрежи, соопшти дека „покојниот“ ал- Завахири се појавил на една од тие мрежи во ново видео со кое се одбележува (во случајот на Ал Каеда, слави) 20 годишнината од нападот на Њујорк.

Во видеото кое имало наслов „Ерусалим нема да биде јудеизиран“, Завахири покажува дека има сознанија за настани кои се случија после минатиот ноември, откако се раширија гласините за неговата смрт. На пример, знаел за нападот на руската воена база во Сирија, изведена од групација блиска со Ал Каеда, изведен во јануари оваа година.

Заради тоа што не ја спомнал талибанската победа во Авганистан, овие сега веруваат дека можеби сепак починал, некаде после јануари, но признаваат дека ниедна разузнавачка агенција досега не понудила докази или цврсти сомневања дека ал Завахири е мртов.

Тој беше прогласен за наследник на Осама Бин Ладен во 2011 година, еден месец откако Американците десантно го убија Бин Ладен во неговата куќа во Аботабад, Пакистан.

*********

Види и:

Мјау и не-мјау: Мачката на Шредингер слави 80 години

13 септември 2021 - 13:01