Нешто слабо за Шведска се зборува денес, м?

Кога Шведските бројки изгледаа воочливо лоши, тоа беше корисна медиумска алатка за ширење страв и кудење на оние што не се држат до доминантните стратегии. Сега кога таа земја константно пријавува екстремнo ниски бројки, доминантните медиуми се воочливо незаинтересирани за нејзиниот случај.

Еден од трендовите што се повторуваат во оваа пандемија е прераното прогласување победа. Многу земји доживеаја славопојки како успеале да го скротат вирусот, со доследно спроведување на стандардните маски и локдаун мерки.

Нормално, го видела жабата коњот па...

Настрана нашата гревотија, меѓутоа, многу од другите „земји - победнички“ нешто подоцна видоа повторно загрижувачко дивеење на кривата.

Но немаше утки само во прогласувањето победи, туку и утки во прогласувањето порази. На Шведска, на пример.

Од доминантните западни медиуми таа уште од почетокот беше третирана како ризичен, опасен и неодговорен експеримент.

Тајмс во октомври 2020 донесува жестока медиумска пресуда:

КАТАСТРОФА! Катастрофа која не треба да биде пример за остатокот од светот.

Уште во првиот пасус од статијата ќе го пишат ова:

Шведскиот експеримент со непреземање рани и строги мерки за заштита на населението жестоко се дебатира во целиот свет, но уште во овој момент можеме да предвидиме речиси сигурен вкупен неуспех во поглед на смртта и страдањата. Од 13 октомври, тие имаат стапка на смртност од 58,4 на 100.000 луѓе што е 12-та највисока стапка во светот (без малите Андора и Сан Марино).

Да видиме како оваа „компетентна“ медиумска прогноза за „речиси сигурен неуспех во поглед на смртта и страдањата“ остаре.

За 11 месеци, Шведска од 12-то дојде на 40 место.

Ај пак настрана нашата гревотија што сме 4-ти во светот, меѓутоа пред Шведска се натопорија речиси 30 земји што ревносно се држеа до „маски и локдауни“, па сепак тоа кај нив, во овој момент, резултира со „вкупен неуспех“ во поглед на „смртта и страдањата“, во споредба со Шведска.

Шведска остана на својата стратегија за која сметаа дека е конзистентна и одржлива иако упорно беше оцрнувана дека си игра со оган. Бизнис инсајдер, на пример, за таквата политика оцени дека е „отпадничка“, ама дека овие се упорни, иако тоа „ги чини животи“.

Патем, вишокот смртност во Шведска (според податоците од ЕУРОМОМО), од 2017 до сега изгледа вака:

Освен оние два пика од лани, скоро цела 2011 ја минуваат околу базичната линија.

Како е кај оние што предничат во мерките? Кај Лос Анџелес, на пример, кој деновиве воведе ковид пасоши „ерга омнес“.

Медиумскиот третман на Шведска е одлична илустрација за нивната желба не да информираат туку да принудуваат. Тие не функционираат како пренесувачи на информации, туку како активисти, потполно обземени со желбата да ги натераат другите да се усогласат со нивните мислења. Слушај нè нас и прави тоа што ти се кажува, инаку ќе бидеш етикетиран како „анти“ и избегнуван од општеството“, пишува на Сабстак.

Како тотална спротивност на Шведска, Израел беше медиумски дарлинг поради стриктното придржување на доминантните политики.

Како стои Израел во споредба со Шведска и нејзината отпадничка политика што кошта животи?

Позумирано, новите трендови во овие две земји изгледаат вака:

Во споредба со комшиите на Шведска (иако споредба со комшии не е методолошки исправно; никој не бара САД да се споредува со Канада или со Мексико), работите стојат вака:

За волја на вистината, кумулативната стапка на смртност во Шведска е повисока отколку кај другите две земји, меѓутоа нивните скорешни стапки на смртност се речиси идентични:

„Кога Шведските бројки изгледаа воочливо лошо, тоа беше корисна медиумска алатка за маски, локдауни и бескрајно манипулирање со страв и закани: „Гледате ли што се случува кога не слушате што ви се зборува, сељачишта едни?“

Сега кога Шведска е падната на 40 место по стапка на смртност и продолжува да пријавува екстремно ниски стапки и на заразеност и на смртност, медиумите одеднаш се незаинтересирани за неа“, пишува нашиот извор.

Знаеме тоа и од нашата гревотија. Пред 500 и кусур денови, официјалниот разум и просветителство започна со мантрата „следните неколку недели се критични“.

24 септември 2021 - 11:35