
Откако БП реши да затвори некои свои бензиски станици поради недостатокот на шофери кои би возеле цистерни од рафинериите, луѓето очекувано ги фати паника па поради огромната побарувачка која е без преседан за овој дел од годината, на некои бензиски е воведен лимит за полнење, односно може да се наточи гориво најмногу за 40 фунти.
Проблемот со горивата е само највидливиот дел од општиот проблем со транспортот и набавките, чиј ланец беше пореметен за време на пандемијата.
Асоцијацијата на камионџиите проценува дека на земјата ѝ недостасуваат 100.000 шофери и дека дефицитот е комбиниран резултат на ковидот и Брегзитот поради кои многумина ја напуштиле професијата а обуките за нови луѓе беа стопирани околу една година.
Се очекува проблемот со набавките да кулминира околу Божиќ и се стравува дека тогаш може да се случи колапс на ланецот.
Властите размислуваат за интервентни мерки. Планираат да издадат 5.000 краткорочни визи за да можат да дојдат шофери од други земји, но не се сигурни колку луѓе ќе успеат да привлечат бидејќи и во други држави состојбната е слична.