
Тој ја напуштил земјата во време кога талибанците ја освојуваа долинаата Пањсур, на 6 септември. Брзо потоа, му се придружил и Амрула Салех, некогашен авганистански потпретседател и долгогодишен шеф на про-западното разузнавање во државата.
За првпат после неколку децении, САД и ЦИА не мрднаа со прст да ги поддржат. Масуд и Салех бараа и воена помош од Американците но наидоа на молк на администрацијата на Бајден.
Затопа, ќе мора да одат одоколу. Неделава Масуд го ангажирал познатиот американски лобист Роберт Стрик за да ја засили позицијата на оние сенатори и конгресмени кои бараат враќање на Американците во Авганистан.
Проминентни републиканци како што е сенаторот Линдзи Грахам и Мајк Волц бараа од Бајден да ги признае Салех и Масуд како „легитимни владини претставници на Авганистан.“
„ОТПОРОТ продолжува и мора да продолжи. Тука сум, на своја почва и без разлика на сè ќе го бранам нејзиното достоинство,“ твитна Салех на 3-ти септември.
Сега е на тајна и безбедна локација во Душанбе.