Новите правила предвидуваат дека секоја содржина што лажно наведува дека која било одобрена вакцина е опасна или предизвикува хронични здравствени проблеми ќе биде отстранета, како и видеата кои вклучуваат неточни информации околу вакцините.
Јутјуб се реши на масовниот бан во време кога се уште никако не може да удене правилен начин за да се снајде и да донесе употреблива политика околу дезинформациите поврзани со пандемијата на коронавирус.
Под забраната за дезинформации околу вакцините против ковид 19 што Јутјуб ја воведе минатата година, до сега се избришани 130.000 видеа, меѓутоа компанијата заклучила дека ќе биде неопходен дополнителен опсег за да се потиснат лажните информации и против другите вакцини кои се достапни он-лајн.
Компанијата објаснува дека овие мерки ги презема како одговор на тоа што неточните информации околу вакцините почнале да се шират во други лажни тврдења.
„Постојано гледаме како лажните тврдења околу вакцините против коронавирусот се прелеваат во дезинформации за вакцините генерално, и сега сме до точка кога е поважно од кога било нашата работа што ја започнавме со ковид-19 да ја прошириме на другите вакцини.
Конкретно, содржините кои лажно наведуваат дека одобрените вакцините се опасни или предизвикуваат хронични здравствени последици, тврдења дека вакцините не го намалуваат ширењето или заболувањето од болеста, или вклучуваат дезинформации за состојките кои ги содржат вакцините, ќе бидат отстранети.
Ова опфаќа содржини кои лажно тврдат дека одобрените вакцини предизвикуваат аутизам, рак или неплодност, или дека состојките во вакцините можат да помогнат во следење на оние кои ги примаат,“ објавено е на официјалниот блок на Јутјуб.
Од новите правила ќе има „важни исклучоци“ кои опфаќаат содржини за „политики за вакцините, нови испитувања на вакцините и историски успеси и неуспеси на вакцините,“ како и лични сведоштва поврзани со вакцините, кои компанијата ги нарекува важен дел од јавната дискусија околу научниот процес.
Вчера Јутјуб го избриша РТ ДЕ, каналот на германски јазик на РТ, заради ширење на дезинформации околу ковид. Каналот прво доби забрана од една недела за објавување видеа на Јутјуб. За тоа време РТ почна да користи друг канал, Der Fehlende Part, за аплоудирање на своите содржини кои исто така ги прекршуваа правилата за користење на Јутјуб.
Казната бришење на двата канала беше збирна за дезинформации и обид за избегнување на забраната за објавување.
Денес руската агенција надзор на медиумите, Роскомнадзор се закани дека целосно ќе го забрани пристапот до Јутјуб во Русија доколку компанијата не ги врати на својата платформа двата суспендирани канали.
Во писмото до Гугл, Роскомнадзор порачува дека бришењето „ги нарушува клучните принципи на слободно ширење на информации“ и се „акт на цензура против руските медиуми, дополнувајќи дека законот им дозволува „мерки за делумна или целосна забрана на пристапот“ до Јутјуб.
Руското министерство за надворешни работи пак им порача на германските медиуми дека нивно блокирање во Русија не само што би било соодветно, туку и неопходно, бидејќи „тоа е единствен можен начин за да ги стимулираме интересите на нашите партнери на конструктивен и значителен дијалог околу оваа неприфатлива ситуација.“