Во 10 минутното видео снимени се тројца луѓе кои се идентификувани како научници во Фајзер, компанијата која ја има најпродаваната вакцина во светот.
На снимката се гледа како биохемичарот Ник Карл објаснува дека после опоравување од ковид-19, „твоите анти-тела се веројатно подобри отколку после вакцината.“
„Така е зашто вакцината е само оној протеин кој е надвор (мисли на шилецот - н.з.) и произведува анти-тела против тој еден конкретен дел на вирусот. Кога реално го добиваш вирусот, организмот се соочува со сите негови делови, не само со надворешниот и произведува поширок спектар на антитела“, вели Карл во камера незнаејќи дека го снимаат.
Со тоа се согласува вториот во снимката, високо рангираниот научник Крис Кроче кој вели дека имунитетот после прележувањето веројатно трае подолго отколку вакциналниот, пренесува Вашингтон тајмс.
За некои, видеото не открива ништо ново, се работи за уште еден заговор и било кринџ.
Како што пренесовме деновиве, првиот човек на Бионтек, компанијата со која Фајзер партнерски ја изработија вакцината, најави дека сегашните вакцини веројатно нема да вршат работа уште долго и дека веќе на половината од 2022 година ќе ни треба нова вакцина, апдејтирана за оние соеви кои допрва ќе се појават со мутација на вирусот.