Вести

Стара Канаѓанка еутаназирана против нејзината волја

Жена од Онтарио која страдала од тешка болест, во јули била подложена на програма за „медицинска помош при умирање“, иако во последните денови од својот живот јасно и гласно кажувала дека не сака да умре. Медицинските лица инсистирале да се спроведе процедурата наспроти сомневањата дека жената била збунета кога потпишала согласност за сопствената смрт. 

Како Трамп ги изневери Саудијците

Саудиска Арабија со години вложуваше стотици милијарди долари во воено партнерство со САД, верувајќи дека тоа ќе го одбрани Кралството од регионалните непријатели. Кога дојде критичниот момент, Вашингтон му сврте грб на својот партнер. Разочарувањето го води Ријад кон создавање  регионален воен сојуз и градење многу поблиски стратешки односи со Кина.

Филантропијата е заробена во идеологија

Филантропијата своевремено била обид на богатите Американци да се искупат пред јавноста. Карнеги давал пари за библиотеки, Рокфелер за истражувања, а Џ.П. Морган донирал слики на музеи. Денешните милијардери важат за „поскржави“. Еден од нив, кој се откажал од фондацијата на Бил Гејтс, објаснува зошто донирањето во добротворни цели всушност има негативни ефекти.

Речник

„Националната безбедност“ е омилениот чекан на Трамп

Што имаат заедничко забраната за пристап на новинари од Белата куќа, триумфалната капија во Вашингтон и Гренланд? Трамп вели дека сите се важни за националната безбедност на САД. Настојува да ги употреби овластувањата што му ги нуди широкото толкување на овој термин за да ги оправда своите потези како врховен командант, „главен архитект“ и „главен уредник“.

Лажно пријавуваат азиланти за татковци за да останат во Британија

Банди вршат притисок врз самохрани мајки со британско државјанство или им нудат пари за да пријават баратели на азил како татковци на нивните деца во матичната книга на родени. Татковство не им обезбедува на мигрантите право на престој во земјата, но ги зајакнува нивните барања. Службениците обично не ги проверуваат апликациите за да заштедат пари и време.

Јапонците престанаа да растат

Јапонија одамна губи население и забрзано старее. Нова причина за загриженост е податокот дека нацијата престанала да расте уште од крајот на минатиот век. Во исто време Кинезите и Корејците пораснале најмногу во светот. Како објаснување за разликата се посочува на исхраната со помалку калории, диетите на бремените жени и намалените часови на спиење.

Австралија сега има премногу соларни панели

Земјата станува жртва на својот успех во развојот на обновливите енергии, особено во искористувањето на сонцето за производство на струја. Секоја трета куќа во Австралија има систем на соларни панели кои уште во 2018 година биле монтирани по шест панели секоја минута. Малку по малку, сега е тоа многу.

На германските улици сè повеќе коли

На германските улици и патишта има сè повеќе автомобили. И покрај соништата во врска со амбициозната „зелена транзиција“ во мобилноста, бројот на автомобили расте побрзо од населението на Германија. Во последно време, бројот на новорегистрирани коли сепак е во благ пад, особено кај електричните.

На изворот на Перие, матно

Повикувајќи се на исто алиби како наши локални водоводи, од Перие изјавуваат дека по обилните дождови годинава, водата во еден од нивните бунари (ги имаат седум) покажала траги од фекални материи, заради што истиот веднаш е затворен.

Не, децата нема да ја изедат планетата

Разни групи и кругови, некои од нив многу моќни, богати и влијателни, со години внесуваат страв од растечката светска популација и нејзиниот наводен катастрофален учинок врз планетата и нејзините ресурси. „Не се преправајте дека ви е до климата ако планирате дете“, неодамна порача Гардијан. Глупости.

Ако Украина изгуби, НАТО ќе се растури (и тоа е добра вест за Европа)

Нато ќе се дезинтегрира ако Украина ја изгуби војната со Русија, смета францускиот историчар Емануел Тод. Ако Русија биде поразена, Европа ја чека вековна потчинетост кон Американците. Од друга страна, ако украинските напори поддржани од САД не вродат со плод, „НАТО ќе се дезинтегира а Европа ќе биде оставена слободна.“

Кина им ги прибира пасошите на наставниците

Како дел од една поопширна програма за отежнување на патувањето во странство на државни службеници, кинеските власти побараа од наставниците од земјата да ги вратат своите пасоши.

Хоум депо ќе ги враќа директорите во продавница

Целосната корпоративна каста на Хоум депо, ланецот продавници за алат и сè што ќе ти притреба за реновирање, што го опфаќа секој еден што седи на биро, а не во продавница, ќе треба секое тромесечје да мине еден ден како продавач во некој од дуќаните на компанијата. Правилото ќе биде еднонасочно, продавачите нема да добијат еден ден позади биро.

Трамп и Камала не се до толку различни како што изгледаат

Иако се чинат како два непомирливо раздвоени светови што ја одразува поларизираноста на времето во кое живееме, Трамп и Камала во суштина имаат слични политики на доста прашања. Како се наближуваат изборите, сличности има сè повеќе бидејќи и двајцата итаат кон центарот, откажувајќи се од некои идеолошки фиксови кои им се покажаа како слаби алки. 

Трамп му пуштил под тезга тестови за ковид на Путин

Сред најтешката глобална криза со ковид-19 и глобалниот недостаток на сè и сешто, тогашниот претседател на САД, Доналд Трамп, тајно му испратил ковид тестови на Путин за негова лична употреба.

Виктор Бут се врати на работа

Наспроти целата неизвесност дали Бут по враќањето во Русија ќе се откаже од својот стар занает и ќе отвори цвеќара, сепак озлогласениот трговец на смрт одлучи повторно да му се врати на својот претходен бизнис и сега пак шитка оружје.

Марвел и ДиСи го изгубија „супер херој“

Американскиот трговски суд одлучи дека Марвел и ДиСи повеќе не ја поседуваат трговската марка за „супер херој“ и „супер херои“, и дека таа е за сите за користење.

За потребите на цензурата, дрога и омраза се исто

„Нелегални дроги“ е многу добро дефинирана категорија во Европската Унија. „Говорот на омраза“, од друга страна, не е. Сепак, блокот ги спојува овие две категории заедно за да може да напне уште еден бран притисоци врз главните социјални платформи и да бара повеќе податоци од нив.

Тивкиот крај на претседателството

Посетата на поплавениот југ на САД што Бајден ја имаше минатата недела е настан кој станува се поредок за американскиот претседател: појавување во јавност.

Се бара некој што пак ќе тргне по патот на Дарвин

Универзитетот Кембриџ бара човек што ќе се спакува и ќе тргне на пат околу светот за да собере примероци од сите растенија што ќе ги сретне по пат и да ги врати назад во ботаничката градина на Универзитетот.

Галама од коли е штетна по живот

Продолжената изложеност на галама од автомобили и авиони го зголемува ризикот од развивање срцеви проблеми, посебно кај дебели лица и кај жени, предупредува една голема нордиска студија.

Европа го брани „растителниот стек“

Европскиот суд ја укина забраната на француската влада за производителите на продукти од растително потекло да ги нарекуваат нивните производи „стек“ или „колбас“, која Париз ја воведе за да ги заштити сточарите. Судот вели дека не може да се забрани нешто кое не е прецизно правно дефинирано.

1 од 50 Албанци во Британија е во затвор

Од мигрантската популација од 53.000 Албанци кои се наоѓаат во Велика Британија, над 1.200 се во затвор. Анализа на Телеграф на бројот на затвореници по националност обелоденува дека Албанците од Албанија се на врвот на листата која содржи луѓе од 130 држави. Погодете кои се втори?

Ураганот Елена е американскиот Чернобил

Чернобил се памети не толку по бројот на жртвите колку по начинот на кој државата реагираше на несреќата - многу лаги, владина неспособност и заедничко чувство на луѓето дека империјата е само сенилна конструкција која веќе нема вистинска поента. Начинот на кој САД реагира не ураганот кој зема меѓу 200 и илјада животи, морничаво потсетува на сето тоа.

Сè повеќе инфаркти меѓу млади и супер фит луѓе

Инфарктите некогаш се врзуваа со возраста, но сè помалку е тоа така. Во 2019 година приближно 0,3 проценти од Американците од 18 до 44 години имале срцев удар. Лани тоа се зголемило на 0,5 проценти, или еден на 200. Тоа личи на ниска бројка, но претставува зголемување од дури 66% за само четири години. А тоа за лекарите е „алармантно“.

Шведска, неписменост, здраво

Бројот на неписмени луѓе во Шведска зимава ќе надмине 800.000 а нема да помине долго време кога се очекува земјата да брои еден милион неписмени луѓе. Причините се гледаат во масовната имиграција иако тоа сè уште е табу тема за официјалните институции. Од што не успеваат да ги описменат децата за девет, задолжителни ќе бидат десет години школо.

Авионите што ги доби Украина не се и авионите што ѝ требаат

Иако и понатаму се најдобрите авиони што Украина ги има, Ф16-ките што САД и другите сојузници и ги испорачаа на Украина се премногу стари модели за да можат да им парираат на најдобрите руски авиони.

Хезболах е Србија а Израел Австро- Унгарија

Ваква паралела прави колумнист на Блумберг и опишува како коцките повторно се наместени исто како во 1914-та година, спремни историјата да ја повторат, за жал не како фарса туку како вистинска трагедија. Клучот е во Израел и Бенјамин Нетанјаху и тој може мудро и рационално да одговори  на сложената равенка. Само што мудро, рационално и Нетанјаху не одат често заедно.  

ХБО го откри креаторот на биткоин, најверојатно

Нов документарец на HБО со целата своја сериозност тврди дека го има најдено човекот што ја создаде криптовалутата биткоин, кој изминативе години е познат само по името Сатоши Накамото.

И тоа црните пластики што ги користиме за готвење се токсични

Црната пластика што се користи во најразличен кујнски прибор, детски играчки, садови за носење храна и послужавници за свежо месо и производи во супермаркети, може да содржи алармантни нивоа на токсични хемикалии.