Освен сесиите до вработените во министерството бил испратен и меил за „вебинар во кој подлабоко ќе навлеземе во ефикасните техники за стрес менаџмент за да ви помогнат да навигирате низ овие проблематични времиња.“
Информацијата за овие терапии ја објавува Вашингтон фри бикон, по што републиканските конгресмени го нападнаа Ентони Блинкен дека веста е „вознемирувачка“ и дека:
„Непартиски владини функционери не би требало да претрпуваат лични сломови заради резултати на слободни и фер избори.“
Републиканците иако признаваат дека менталното здравје на вработените во министерството е важно, тие бараат информација и колку сесии се завршени и колку се договорени, уште колку се планирани и колку сето тоа го чини одделот.
По сето ова републиканците на Стејт Департментот му го натоварија и сомнежот дека некои од вработените во него нема да бидат волни во следните четири години да ја спроведат „новата визија на Трамп за министерството.“
„Администрацијата на Трамп има мандат за севкупна промена на полето на надворешната политика, и ако вработените во дипломатијата не можат да ги остварат желбите на американскиот народ, тогаш треба да поднесат оставка и да бараат политичка функција во следната администрација на демократите,“ пишува во писмото од републиканските конгресмени.