Човекот стана „интернет сензација“ откако го сподели своето мазно Марс чоколатце и подоцна доби 2 фунти како компензација.
Се вика Хари Сигер (34 години) и доби огромно внимание од „Досадниот машки клуб“, Фејсбук страница со 1,4 милиони следачи.
Си купил Марс во Бирмигем, му бил нешто чуден и сфатил дека е мазен и ги нема препознатливите „бранови“ на горната страна на чоколатцето.
Им пишал на Марс, Вригли, од Англија за да ги праша дали е тоа трајна промена на дизајнот (можел да купи уште неколку па да види) а овие биле шкрти во одговорот, само рекле дека е грешка во производството и му понудиле да го компензираат со друго чоколатце.
Овој потоа ја објавува фотографијата од мазниот Марс на Фејсбук и почнува а-у.
Марс чоколадите прв пат биле рачно правени во Беркшир, уште во 1932 година, сè уште се произведуваат таму и се најпопуларните чоколадни плочки во Обединетото кралство.
А Хари Сигер во меѓувреме изгледа се има уфилмано дека е инфлуенсер па на кондиторската индустрија ѝ предвидува светла иднина ако почне да прави скршени и неисправни чоколади.
Има две фунти па нека го стартува бизнисот сам.