Биолошките жени сега се не-трансџендер жени

Не беше доволно што под чадорот жени (оние човечки единки што се родени со XX хромозоми) напикаа сешто до таму што човек се буни кога ќе чуе транс- жена (дали е тоа маж кој се мисли за жена или жена која се осеќа како маж), туку сега и тие, биолошките жени, наместо како такви, се опишуваат со негација, дека се не-трансџендер.  

Мартина Навратилова го критикуваше Њујорк Тајмс за опишување на биолошките жени како „нетрансродови жени“.

Терминот беше користен во приказна за превирањата во женската одбојкарска колеџ лига во која масовно се губи од екипата на Државниот универзитет во Сан Хозе во кој игра Блер Флеминг, биолошки маж кој се идентификува како жена.

За да ја долови ситуацијата во својот наратив, медиумот во статијата ги нарекуваше обичните, стандардни, биолошки жени како „не-трансџендер“ жени.

Терминот наиде на бурни реакции кај читателите, меѓу кои и Мартина Навратилова, една од најголемите тенисерки на сите времиња, гласна феминистка и една од најпознатите геј спортистки на светот.

„Њујорк Тајмс, труеш. Ние сме ЖЕНИ, НЕ СМЕ ТРАНС-ЏЕНДЕР жени. Во иднина, само жени ќе биде доволно,“ пиша таа.

Многу одбојкарки од американската колеџ лига одбиваат да играат против Хан Хозе поради нефер конкуренцијата во ликот на Блер Флеминг, меѓу незадоволните има и одбојкарки од самиот клуб кои подоцна решија да го тужат поради прекршување на нивните права.

Уште во 2019 година, Навратилова за „Сандеј тајмс“ напиша дека е „лудо“ што стотици спортисти кои го промениле полот со декларација и ограничени хормонски третмани веќе добиле женски признанија и почести кои во машка конкуренција не би ги добиле.

********

Види и:

Навратилова за транс-жените: Не можете да имате сè

2 декември 2024 - 08:59