Мета ќе даде 10 милијарди долари за кабел

Кабелот е за интернет и е подводен, а треба да се пушти низ океаните за да ја обиколи планетава и да и помогне на Мета сите нејзини сервиси (Фејсбук, Инстаграм, Вотсап), подобро и постабилно да функционираат.

Вкупната километража што треба да биде пуштена е нешто над 40.000 километри, а на крајот од проектот целосната инфраструктура треба да биде во сопственост само на Мета.

Течкранч пишува дека проектот се уште е во раните фази, а капацитетот и рутите по кои ќе оди не се јавно објавени.

Мета веќе е сопственик на неколку подводни кабли, Гугл е сопственик на 17 компании за подводни кабли, а и Амазон и Микрософт имаат по неколку.

Процената покажала дека на денешен ден поставувањето на кабелот ќе чини 2 милијарди долари, меѓутоа во следните пет до десет години ќе порасне на над 10 милијарди. Претпоставката е дека каблите на крај ќе завршат во Индија, бидејќи земјата има капацитет да гради дата-центри поевтино отколку САД.

Нивната претпоставка е дека кабелот ќе тргне од источниот брег на САД, па ќе стигне до Јужна Африка и од таму продолжува од Индија. Кругот ќе се затвори со делницата од Индија до западниот брег на САД, со попатна станица во Австралија.

Наводно се планира избегнување на Црвеното море, Египет, Марсеј и Малачкиот проток (Индонезија), кои моментално се сметаат за најпроблематични точки на глобалната интернет инфраструктура.

Без разлика колку и се брза на Мета, брзината на комплетирање на проектот ќе биде одредена од ограничени ресурси како бродови и подморници за поставување подводни кабли.

2 декември 2024 - 11:49