Според студија објавена во магазинот Environmental Science & Technology, со едноставно провривање на водата од чешма и нејзино филтрирање низ обичен филтер за кафе, може да се отстранат речиси 90% од присутните честички микропластика.
Досегашните сознанија за влијанието на микропластиката врз човечкото тело покажуваат дека тоа може негативно да влијае на микробиомот на цревата, а со тоа и на имунитетот и здравјето воопшто.
Постојат ефикасни системи за филтрирање на водата за пиење кои го намалуваат количеството микропластика, но пар кинески научници се заинтересирале дали постои и поевтин начин.
Вриеле мека и тврда вода и после ја минувале низ обичен филтер за кафе. Потврдата е подобра.
Бидејќи е богата со минерали, таа природно создава бигор или калциум карбонат (CaCO3). Како што се зголемува температурата на тврдата вода, калциум карбонатот формира кристални структури кои ги „заробуваат“ микропластичните честички. Потоа со едноставно филтрирање на водата низ обичен филтер за кафе, микропластиката заедно со бигорот останува на филтерот.
Во тврда вода оваа постапка успеала да отстрани 90% од микропластиката додека во меката вода со помалку калциум карбонат, само 25%.
*******
Види и:
На литар флаширана вода одат околу 250.000 парчиња нано-пластика