Во студијата се анализирале човечки и кучешки тестиси. Бидејќи човечките биле конзервирани, кај нив не можел да се утврди бројот на сперматозоиди. Меѓутоа тоа можело да се направи кај кучешките, кои покажале дека бројот на сперматозоиди бил понизок кај оние со повисока концентрација на микропластика.
„На почетокот се сомневав дали микропластика може да пенетрира во репродуктивниот систем.
Прво кога ги добив резултатите од кучињата бев изненаден. Потоа бев уште поизненаден кога ги добив резултатите од луѓето,“ изјавуваат научниците од Универзитетот во Ново Мексико кои ја спроведуваат студијата.
Испитуваните тестиси се од луѓе починати во 2016 и доаѓаат од мажи на возраст од 16 до 88 години. Научниците алармираат дека влијанието на микропластика врз младата популација е позагрижувачко. Кучешките тестиси се добиени од ветеринарни болници кои вршат кастрација.
Човечките тестиси имале три пати поголема концентрација на микропластика од кучешките. Се работи за пластика која најчесто се наоѓа во пластични пакувања и шишиња.
За сега влијанието на микропластиката врз човековото здравје не е позната, меѓутоа во лабораториски истражувања се покажа дека таа може да ги оштети човековите клетки. Изминатиов период микропластика беше откриена и во човековата крв, плацента и мајчино млеко.
Во март годинава докторите предупредија дека микропластика претставува директна опасност по живот бидејќи значително ја зголемува опасноста од мозочен удар, срцев напад и предвремена смрт кај луѓе чии крвни садови се загадени со микроскопска пластика.