Нисан бара инвеститор за да ги преживее следните 12 месеци

Јапонскиот производител е во потрага по институционален инвеститор кој ќе помогне компанијата да ги преживее идните 12 до 14 месеци, откако Рено најави дека ќе продаде дел од својот удел во Нисан.

Компанијата веќе бара и преговара со долгорочен, стабилен акционер како банка или осигурителна компанија, која треба да го замени капиталот на Рено, во време кога Нисан го привршува потпишувањето на договорот за партнерство со Хонда за нови електрични возила.

Излегувањето на Рено се случува во време кога Нисан има послаба продажба и во Кина и во САД. Француската компанија објави дека е отворена кон продажба на дел од своите акции во Нисан како „дел од реструктуирањето на својата 25-годишна алијанса со Нисан.“

Од Нисан не исклучуваат дел од акциите да бидат купени и од Хонда. Двете јапонски компании значително го засилија своето партнерство околу развивање електрични возила и софтвер, пред се под притисок од кинеските ривали и се поголемата несигурност со САД со доаѓањето на Трамп.

Во 1999 Рено го спаси Нисан од банкрот.

29 ноември 2024 - 12:19