Планот на Зеленски е НАТО да ја обезбедува сегашната територија на земјата, „а Украина ќе го врати остатокот од територијата по дипломатски пат.“
Тој дополнил дека до сега ниту една НАТО членка му нема предложено таква варијанта, и дека ќе биде проблематично обезбедувањето на само дел од земјата.
Во исто време НАТО и понатаму одбива да чуе за какво било членство на Украина во Алијансата.
Последната активност и ерозијата на досегашните позиции на Зеленски и Украина, враќање на границите од 1991, главно се должи на претстојната смена на власта во САД, каде во Белата куќа се враќа Доналд Трамп, кој е со агенда што побрзо да ја прекине војната во Украина.