Откако 17-годишното момче запишано на готварско училиште почнува да добива слаби оценки и тоа по главните предмети, мајката веднаш интервенира кај него. Во расправијата момчето и кажува дека веќе не сака да оди на училиште бидејќи учењето е бесмислено.
Повратното од мајката е дека ако не му се оди на училиште тогаш да фати и тој да продава пржено пилешко како нејзе и да види како е во реалниот живот.
Тоа и се случува. Малиот прави сопствена тезга и почнува да продава. Она што мајката не го очекува е дека за 10 дена тој заработува околу 10.000 јуани (1.400 долари).
Освен тоа малиот покажува одлична работна навика, па секој ден станува рано и во 9 часот почнува со подготовка на храната. Во 16 часот на пладне ја позиционира тезгата на на местото каде што продава и цела ноќ продава пилешко. Дома се враќа во 3 часот наутро.
По првите 10.000 за 10 дена, сега дечкото сака да заработи доволно пари за да купи електричен трицикл.