Вишиот советник во кампањата на Камала Харис, Дејвид Плуф, откри дека внатрешните истражувања спроведени од нивниот штаб никогаш не покажувале дека таа е во предност пред Доналд Трамп.
„Мислам дека ова ќе ги изненади луѓето затоа што имаше јавни анкети што беа објавувани кон крајот на септември, почетокот на октомври... кои покажуваа водство кое никогаш не го видовме. Ние каскавме“, го пренесува Њујорк пост.
Во еден подкаст со неколкумина членови од предизборниот штаб на демократската кандидатка, било разговарано и за тоа зошто таа не успеа да освои ниту една од клучните држави.
Според нив, најнезгодно прашање било како, како втор човек на администрацијата, да не се огради од Бајден кому му била лојална, а да ги увери гласачите дека во иднина, со неа ќе биде поинаку.
На пример, ако понуди поинаков пристап кон границите, ќе беше прашана а на кој состанок досега тоа има понудено како потпретседателка?
Камала дополнително се дозакопуваше на оваа тема бидејќи кога нејзините медиумски сојузници од панелот на Вупи Голберг, The View, ѝ понудија да каже што би направила поинаку од Бајден, Камала одговори:
„Не ми текнува ништо.“
Да е само тоа.
Според Кевин О' Лири, се работеше за:
- погрешен кандидат;
- целосно неконсеквентна за време на нејзиниот мандат како потпретседател;
- комплетен лузер во 2020 година;
- некој што никогаш не успеа да артикулира нешто;
- лице без никаква емпатија за луѓето.
„Отиде на The View. Сите тие жени сакаа таа да победи. Ѝ нафрлија чист пенал. Па уште еден пенал. А таа беше толку слаба како кандидат, што не можеше ни да одговори дека ќе направи нешто поинаку. Толку беше од неа“.