Полска станува голема воена сила

Полска станува клучен воен и политички играч во Европа. Со рекордно одвојување за војска, таа ги надминува и препораките на НАТО и сопствените домети во модернизација на војската. Свесна за историските компликации и можните закани, Полска тоа го прави поради нивната проценка дека „медениот месец за Европа заврши.“

Полска стана неизбежен фактор за редефинирање на рамнотежата на силите во Европа. Нејзиниот економски раст ја профилираше како една од клучните земји на континентот а со рекордните инвестиции во вооружување, станува и важна воена сила, главна НАТО поткрепа на истокот.

Оваа година Полска ќе потроши 4,12% од својот БДП за одбрана, што е двојно повеќе од насоките на НАТО од 2%. Има дадено околу 37 милијарди долари за одбрана. Лани потроши исто така импресивни 3,92% од БДП за одбрана. Полскиот буџет за 2025 година ќе вклучи уште еден рекорден трошок - 43,6 милијарди евра, најави премиерот Доналд Туск.

European Security & Defence пишува дека полските оружени сили бројат 198.000 војници, вклучувајќи 130.000 професионалци. Имаат борбени авиони, 612 тенкови и 45 воени бродови. Минатата власт планираше војската да ја качи на 300.000.

Само оваа година имаат потпишано 150 договори за наоружување: борбени авиони (F-35A и FA-50), оклопни возила, тенкови, хеликоптери (Апачи), хаубици и противракетни системи, главно од САД и Јужна Kореја.

2 декември 2024 - 14:50