Во Германија ли да се пазиш да не ти украдат кола?

Едно време во Германија кражбата на автомобили во Германија опаѓала, но во последно време ги има сè повеќе. Секој ден во просек исчезнуваат по 40 возила, меѓу кои има и камиони, трактори, комбајни. Иако огромни, тие за само неколку часа се надвор од Германија или се претворени во непрепознатливи делови.

Со модeрните автомобили, животот на возачите им е толку олеснет што дури и не мора да вадат клуч од џеб за да ја стартуваат колата. Но, животот им е олеснет и на крадците, предупредуваат од германската Федерална канцеларија за криминал.

Бројот на украдени автомобили, но и камиони, кампери, како и земјоделски и градежни машини, минатата година експлодираше. Секој ден во Германија исчезнуваат повеќе од 40 возила - вкупно 15.924 кражби, 9% повеќе од претходната година.

Посебно се погодени големите градови како Берлин и Хамбург, а  возилото да остане на улица е опасно во областите на источната граница на Германија. Во суштина, камиони се крадат дури и повеќе од автомобили: бројот на нивни кражби е зголемен за над 48%.

Германската полиција е свесна дека бандите се добро организирани и меѓународно поврзани: украденото возило, макар се работело за багер тежок неколку тони или пак комбајн - кои вредат стотици илјади евра - излегува од Германија за само неколку часа по кражбата.

Во германската осигурителна асоцијација посочуваат дека единствена заштита за сопственикот е осигурувањето на возилата, но поради зголемениот број на кражби се зголемуваат и цените на осигурувањето.

30 ноември 2024 - 18:56