Проблематично околу роденденот на детето е следното: таткото нарачал проститутка и купил кокаин, не само за себе туку и за славеникот. Бонус, својот син го нарекувал „пичка“ затоа што не сакал да проба ни проститутка, ни кокаин.
Детето и раскажало на мајката што се случило, по што оваа веднаш пријавила во полиција. По ова екс-партнерот завршува во затвор, каде ќе одлежува 4-годишна казна за организирање на настанот.
Луѓе блиски на семејството објаснуваат дека тоа што тој го направил е една од најневеројатните работи што може човек да ги направи „освен ако не го познаваш таткото“, а доколку го познаваш ова не е ништо изненадувачко.