Од Мета изјавуваат дека Закерберг се сретнал со Трамп и неговиот тим, и дека средбата се случува во клучно време за американската иновативност. Не кажуваат за што зборувале, ама кажуваат дека Закерберг нема да остане таму за Денот на благодарноста.
Закерберг, заедно со останатите основачи и ЦЕО-а на глобалните технолошки компании редовно се критикувани од републиканците, по основа дека нивните платформи постојано ги цензурираат конзервативните гледишта и ставови.
Откако беше избркан од Фејсбук, Трамп подоцна се закани дека можеби и ќе го уапси Закерберг под обвинение дека се мешал во изборите 2020.
Мета го врати Трамп на Фејсбук и Инстаграм на почетокот од 2023.
Годинава, по обидот за атентат над Трамп, Закерберг за Блумберг изјавува „кога го видов Доналд Трамп како станува откако беше застрелан во лице и ја крева тупаницата нагоре заедно со американското знаме во позадина, е една од најзаебаните работи што ги имам видено во животот.“