Американски функционер објаснил дека Украина ниту мобилизира, ниту обучува доволно нови војници за да ги замени оние што ги губи на фронтот, притоа отворено потврдувајќи дека Русите имаат постојан напредок на истокот на земјата, и постепено почнуваат да ги гонат Украинците од Курск.
Во април годинава, по долга дебата и нечкање, Зеленски за прв пат ја симна границата за мобилизација од 27 на 25 години, за да може подобро да ги пополни редовите на украинската војска.
Од друга страна, извор од кабинетот на Зеленски објаснува дека земјата ја нема опремата неопходна за опремување на војниците што сега ги мобилизира.
„Во моментов, со нашите сегашни напори за мобилизација, немаме доволно опрема, на пример оклопни возила, за да ги поддржиме сите војници што го регрутираме.
Не можеме да компензираме за одложувањето во носењето одлуки на нашите партнери и нивните ланци за снабдување со животите на нашите војници и на нашите најмлади момци,“ порачуваат од Киев.
Слично како и Американците, зад затворени врати и Германците побарале од Украина да ја симне возраста за регрутирање.