Вести

Шведска му се враќа на кешот

Се предвидуваше Шведска дa стане целосно безготовинска држава до 2030 година. Земјата го развиваше својот систем за мобилно плаќање, банките полека престанаа да ракуваат со готовина а касите исчезнаа од продавниците. Сè се промени кога Русија ја нападна Украина.

Вештачката интелигенција води кон техно- феудализам

Во моментов сме на прагот на инверзија: наместо да ја обликуваме технологијата, ние сме обликувани од неа. Наместо општество од родители, комшии и пријатели, би можеле да се откажеме од нашата историска меморија, нашата способност да ги одгледуваме нашите деца и способност да заработуваме за пристоен живот, сè за да служиме на мала технократска елита која и денес тешко се контролира, не па утре - задутре.

Во Јапонија плаќаат за друг да даде отказ во нивно име

Во јапонската деловна култура, давањето отказ не едноставо раскинување на деловен однос. Тоа често се доживува како навреда и предавство на довербата и очекувањата на шефовите и колегите. За да избегнат конфликт  и непријатности по таа основа, млади луѓе наоѓаат агенции кои ги плаќаат да го процесираат отказот.  

Речник

Кралот е гол ама има полицајци

Црвените линии на извесен Сајмон Бенет, лидер на британската конзервативна партија во градскиот совет на Вулверхемптон, очигледно се исцртани околу критики за модата. Бенет му нагрбачил полиција на 15-годишно момче затоа што го исмејувал неговиот стил на облекување. Малиот го апселе четворица полицајци.

Како вештачката интелигенција ја проценуваа онаа на Трамп

Трамп често се фали со својата интелигенција – легендарни се неговите процени за себе дека е „навистина многу паметен“ и „многу стабилен гениј“, како и фалбите дека беспрекорно ги положил трите когнитивни теста. Седум различни модели на вештачка интелигенција добиле задача да му го измерат умот. Не е за фалење.

Европската автомобилска индустрија сама си ја копа дупката

Кризата во автомобилската индустрија во Европа не е само последица на кинеската конкуренција, слабата побарувачка и поскапата енергија. Производителите предолго инвестирале во мотори со внатрешно согорување, краткорочна профитабилност и дивиденди, а предоцна во производство на батерии, електрификација и развој на софтвер, заклучуваат економисти на Allianz.

Гризлијата стануваат вегетаријанци

На почетокот на летото мечките на Аљаска редовно се монтирани покрај реките или во нив, на обилна гозба со лососи. Но, кога од топлото време шумските бобинки ќе созреат порано, ете ги нив по грмушки. Целата приказна и не е толку банална.  

15-те најголеми товарни бродови загадуваат повеќе отколку сите автомобили на светот

Гледано по глобални статистики од бродскиот превоз на кој отпаѓаат 90% од вкупниот товарен транспорт, доаѓаат само 3% од стакленичките гасови. Зумирањето на истата оваа статистика покажува дека 15-те најголеми товарни бродови испуштаат повеќе азотни оксиди и сулфур отколку комплетниот глобален возен парк на четири тркала.

Иранската пропаганда учи од Холивуд

Класичниот стереотип за идеолошката индоктринација на исламската република кој асоцира на слики на задоени млади луѓе кои со крв во очите извикуваат „Смрт на Америка!“ одамна не важи. За да се држат младите во патриотска работна температура, Иран снима модерни музички спотови од по 250.000 долари.

Седењето е лошо за здравјето, стоењето бетер

Бомбастични наслови со години сееја страв од седење на работното место поради што некои ги отфрлија столчињата и се префрлија на стоечки бироа. По најново, тоа е уште полошо за срцето. Чарето било место да не те фаќа.

Медиумите се лошите затоа што создадоа свет доволно глуп за Трамп

„Што мислевме дека ќе произведеме со нашите медиуми кои се полни со гнев и нетрпение?“ прашува Мат Таиби во Ролинг Стоун „некој сензитивен генијалец?“ 

Неолиберализам: идејата што го проголта светот

По логиката на до неодамна неприкосновено доминантната идеологија, неолиберализмот, пазарот и конкуренцијата се единствените чесни судии во животните битки. Но, кога тие битки создаваат армии губитници, прашање е на ден кога тие ќе го одберат својот Трамп или Брегзит. 

Јога чергичиња и мебел за неплодност?

Кај 80% од жените што одат на третмани за плодност (ин-витро) најдени се траги од хемикалии за задушување на оган што се користат во производство на јога черги, мебел и слични секојдневни производи.

За некое време на агрегаторите нема да им требаат ни портали за да прават пари

По 1-годишен тест јужнокорејската новинска агенција Јонхап и официјално го предаде известувањето од натпреварите од англиската премиер лига на - роботи. Дигиталните дескаџии ги објавуваат извештаите во рок од 1 до 2 секунди по завршувањето на натпреварот.

Попот со врзаните пороци

Не е некоја вест кога некој свештеник од западната хемисфера ќе биде осуден за детска порнографија. Но, овде имаме едно боговско алиби.

Докторите што стравуваат за здравјето на Мекгрегор

Со целата можност и ова да е дел околу целиот циркус што и претходи на борбата во сабота, група доктори смета дека на ММА шампионот никогаш не требало да му биде дозволено да боксува против Флојд Мејведер.

Северна Кореја се фали со Лондон

Северна Кореја реши да ги отвори своите врати за руските туристи и за првпат во историјата да издаде лиценца за една нивна туристичка агенција. Која предност да ја понудиш за оваа дестинација? Тоа што е побезбедна од Лондон.

Че си платат

Само еден месец откако комплетната постава на Европската Унија ја направи ненормална ако мисли дека Британија ќе ги плати трошоците за излегување од Унијата, британскиот министерот за надворешни работи во интервју за Бибиси ја изгуби својата брегзитерска невиност порачувајќи - ма нормално дека ние сè ќе си платиме. Цехот за кој се нечкаат е околу 100 милијарди евра.

Макрон за 3 месеци спискал еден Голф на шминки

Францускиот претседател во рок од 3 месеци има потрошено 26.000 евра на шминка, што во просек му доаѓа дека Макрон три месеци секој божји ден давал по 280 евра за пудри, коректори, руж и сличен арсенал.

Северна Кореја е порационална отколку што ја мислите

Без разлика како изгледа лудилото на кој и да управува со Северна Кореја, на секој тамошен владетел му е кристално јасно дека напаѓање на САД со нуклеарки без сомнеж ќе резултира со одговор кој неизбежно ќе ја претвори земјата во еден џиновски кратер.

Како функционираат препораките на Нетфликс

Нетфликс конечно проговори за тоа како функционира клучниот елемент на нивниот успех: системот кој ви препорачува други содржини и кој, и да ви го смени жанрот, ќе ви ја погоди серијата или филмот. 

Каде е и што прави Берни Сандерс?

Во Америка е, кај ќе биде :) Сè уште не може да го поднесе Трамп но деновиве мора по медиуми да чита како токму неговите гласачи биле клучни за победата на цепаницата.

Ако го најдеш огласот, ќе те биде

Во пеколната конкуренција на Силициумската долина е ѓаволски тешко да те примат на некој оглас за компјутерџија. Епл реши да додаде нова сопка во процесот; да биде тешко и да го најдеш самиот оглас.

Секс ко секс, просечен

Утехата за сите е дека сите сакаат да зборуваат за тој еден или два или пет пати кога направиле некаков подвиг во кревет, а сосема лагодно ги прескокнуваат месеците суша или потпросечните партии што ги имале.

Џејмс Бонд, Македонија и УНЕСКО

Србија го повлече комплетниот дипломатски персонал од Скопје. Во моментот кога го пишувам ова, јавноста не знае зошто тоа се случило, пишува Љубиша Ивановиќ во својот текст за Недељник.

Вестите како зависност за возрасни

ФОМО (страв од пропуштање / fear of missing out) е кратенката што без да трепнеме им ја налепивме на тинејџерите и приближно младите, затоа што се неспособни да остават тоа смартфонот и да престанат да проверуваат што прават другите по Инстаграм и Фејсбук. Сега ФОМО тропна на врата и кај овие разумниве и способни генерации.

Наполни 35 години па ќе збориме дали не си ја мразиш работата

По почетната неколкугодишна еуфорија дека си вработен и дека имаш плата а не џепарац, може да те стрефат две реалности: или нервоза и стрес од одговорноста на позицијата што си ја достигнал, или нервоза и разочарување дека не си достигнал никаква позиција. И сето ова некако кулминира на 35 години.

Од вас куклите, ние курвите не можеме на ред да дојдеме

Време е да се апдејтираат некои изреки. Јавна куќа од Виена обелодени дека нивната хипер-реалистична секс кукла по популарност и нарачки од клиенти ги надминала сите други нивни - живи - трудбенички. А поскапа е. 

Во Данска полицајците ги реметат свирачите

Полициска патрола во Данска застанале до еден уличен свирач. слушнале како тој звучи и го пратиле дома - да вежба.

Човекот кој го победи Господ во борење

Новинарска дилема е што да се прави кога ја имате само победничката страна на приказната а не и изјава од поразениот. А бидејќи додека добиеме изјава можеме да се изначекаме (дај Боже), одиме еднострано и неизбалансирано.