„Здраво, нè најде“ стои во пораката на Епл под нивното лого исцртано со текстуални симболи а е почеток на еден стандарден оглас за вработување.
Трикот е во тоа што целиот оглас бил сместен на еден од јавно достапните но скриени сервери на компанијата. Така, Епл на уникатен начин реши да ги филтрира талентираните во армијата луѓе за кои вработувањето во оваа компанија би било остварување на нивниот сон.
"Бараме талентиран компјутерски инженер за развој на важна инфраструктурна компонента која ќе биде клучен дел од екосистемот на Епл„“ стои во огласот во кој се наведува и дека кандидатот треба да има „посебна концентрација на детали“.
Откако некој го најде скриениот оглас и го објави на Твитер, компанијата го има тргнато од серверот. Само што не се знае дали веќе примиле некого или пак огласот е само преместен на друго место па уште вреди да се бара.