- Германија, Холандија, Австрија, Данска и Германија веќе идниот месец може да потпишат договор со Руанда за изградба на заеднички центар во кој ќе бидат депортирани мигранти.
- Претставници од овие земји во септември го посетиле Кигали, а делегација од Руанда неодамна била на турнеја низ Европа. Договорот би можел да биде потпишан на Конференцијата за миграција во Виена, која ќе се одржи кон средината на ноември.
- Во првичната фаза од иницијативата би бил изграден центар што би примил околу 100 луѓе, по околу 20 депортирани од петте европски земји.
- Советот на ЕУ на почетокот на октомври одобри депортирање мигранти во центри во „трети земји“ наместо во матичните, за да не им биде загрозена безбедноста. Предуслов е земјата што ги прифаќа европските мигранти да ги почитува меѓународните стандарди за човекови права.
- Руанда постигна сличен договор за прифаќање мигранти од Британија, но беше блокиран од Европскиот суд за човекови права и од Врховниот суд на Обединетото Кралство, кои оценија дека Руанда „не е безбедна трета земја“.
- Претседателот на САД, Доналд Трамп, ја номинираше Кристи Мекормик од Калифорнија за нова американска амбасадорка во Македонија, на местото на Анџела Агелер, која ја извршуваше функцијата до јануари годинава.
- Номинацијата вчера официјално била доставена до Сенатот, кој треба да ја одобри со гласање од Комитетот за надворешни работи.
- Мекормик не е дипломат од кариера, но работела како виш правен советник во амбасадата на САД во Багдад.
- Од 2014 до 2026 година била комесарка и претседателка на независната федерална Комисија за изборна помош на САД, а претходно извршувала правосудни и државни функции во сојузната држава Вирџинија.
- Најмалку 12 луѓе загинаа и десетици се повредени во верижни сообраќајни несреќи на автопатот „Тракија“ во Бугарија.
- Во услови на исклучително густа магла во 7 часот наутро, близу клучката „Зимница“ имало два верижни судари – едниот во правец кон Бургас, а другиот во спротивната насока кон Софија.
- Се судриле повеќе од 86 автомобили, камиони и автобуси. Некои се запалиле.
- Десет лица загинале на место, а уште две починале при транспорт до болница.
- Најмалку 48 повредени луѓе биле префрлени во болниците во Јамбол и Сливен, некои во тешка состојба, изјави министерката за здравство Катја Ивкова.
- Во операцијата за извлекување патници од возилата и укажување итна помош се ангажирани и припадници на воените сили, со хеликоптери и транспортни авиони.