- Франција ќе распореди војници низ градовите заради поддршка на полицијата на новите протести најавени за в сабота. „Распоредувањето ќе биде масовно“, изјави премиерот Себастијан Лекорну.
- Владата призна низа слабости во реакцијата на службите за безбедност на нередите во саботата: пропусти во разузнавањето, погрешни тактики, статични полициски единици и одлуката да не се укинат отсуства во полицијата.
- Лекорну ги обвини екстремните левичарски групи за насилството. За палењето на историската Градска куќа во Лимож е уапсен 34-годишен член на ултралевичарска група, кој веќе бил под полициски надзор.
- Од саботата, уапсени се 2.300 луѓе, од кои 149 веќе се осудени на затворски казни поради насилство, кражби или оштетување на имот.
- Српскиот медиумски регулатор РЕМ изрече неколку казни за телевизијата Информер.
- Казнети се со петдневна забрана на емитување реклами а добија и две забрани за емисијата Колегиум во траење од 10 и 15 дена.
- Казните се изречени заради навреда на член на РЕМ и повреди на правилникот за известување за време на изборната кампања.
- На истата седница на РЕМ казни добија и телевизиите Прва и Курир (види овде).
- Претседателот на САД, Доналд Трамп, ја номинираше Кристи Мекормик од Калифорнија за нова американска амбасадорка во Македонија, на местото на Анџела Агелер, која ја извршуваше функцијата до јануари годинава.
- Номинацијата вчера официјално била доставена до Сенатот, кој треба да ја одобри со гласање од Комитетот за надворешни работи.
- Мекормик не е дипломат од кариера, но работела како виш правен советник во амбасадата на САД во Багдад.
- Од 2014 до 2026 година била комесарка и претседателка на независната федерална Комисија за изборна помош на САД, а претходно извршувала правосудни и државни функции во сојузната држава Вирџинија.