И натаму ќе чекаме Брисел да ни каже колку е саат
21 октомври 2026
- Во ноќта меѓу сабота и недела, на 25 октомври, почнува зимското сметање на времето. Во 3 часот по полноќ станува 2 часот.
- Одговор на главното прашање: таа ноќ ќе спиеме еден час подолго.
- Со ова завршува периодот на летно сметање на времето, по што деновите попладне ќе станат пократки, односно порано ќе се стемнува, но и порано ќе се разденува.
- Поместувањето на часовникот двапати годишно со децении се оправдуваше со потребата подобро да се искористи дневната светлина да се намали потрошувачката на енергија.
- Европската комисија во својата анализа на ефектите од летното сметање на времето заклучи дека енергетските заштеди се маргинални.
- Во март 2019 година, Европскиот парламент гласаше за укинување на практиката од 2021 година, но тоа не беше доволно за законската промена да стапи во сила.
- Македонската влада тогаш изнесе став дека ќе се усогласи со одлуката на Брисел и ќе го укине поместувањето на часовникот кога и цела Европа ќе го стори тоа. Но, не беше донесен став дали Македонија трајно ќе остане во летното или во зимското сметање на времето.