Со ваквиот филмски пресврт Борис Џонсон се помири и застана зад официјалниот став на британската влада објавен во јуни, што целиот овој период тој некако се обидуваше да го игнорира како да не постои.
Коментарите на Џонсон се речиси по скрипта идентични со оние на другите политичари што се бореа за Брегзит за време на референдумот, а по победата сфатија дека многу од работите што ги ветуваа ќе бидат невозможни и дека ќе бидат неопходни отстапки.
Иако како што минува времето така мекнеат и поборниците за брегзит, на Џонсон и сличните како него и понатаму им е важно плаќањето на долгот кон ЕУ да не биде решено во форма на закон, туку во некаков друг помалку задолжителен облик.
"Одлуката на министерот за надворешни работи да попушти доаѓа по, според зборовите на еден извор од владата, кампањата на министерството за финансии во која буквално им ја спелува техничката реалност околу брегзит на членовите на Конзервативната партија," се објаснува во текстот на Блумберг.
Неделава британската влада објави серија предлог политики, од кои една "покажува подготвеност за компромис отколку претходното ветување за избегнување од јурисдикцијата на Европскиот суд на правдата."