Години наназад, седењето важеше за „новото пушење“ за кардиоваскуларниот систем. Последните истражувања велат дека стоењето можеби ќе испадне полоша опција.
Американска студија на 7.320 лица ги споредувала нивните медицински досиеја со типот на работните места во тек на 12 години. А работните места биле категоризирани во неколку групи: главно седечки, главно стоечки, комбинација од седење, стоење и одење и комбинација на други телесни позиции како што е чучење, наведнување и слично.
Резултатите велат дека оние кои главно стојат имаат двојно поголеми шанси да развијат срцеви заболувања. отколку оние што седат или работат комбинирано. Резултатите останале слични и кога биле земени предвид и другите важни здравствени параметри како што е индексот на телесната маса, останатите физички активности на човекот и друго.
Има некои разлики во ефектите на стоењето меѓу мажите и жените но недоволно да се извлекуваат заклучоци за родовите нијанси. А и здравата логика вели дека постојаното стоењето не ќе е баш здраво бидејќи кога крвта ќе отиде во нозе, на срцето му е потешко да ја испумпува од таму. Велат дека за здрав кардио систем клучно е честото менување на позициите кое ќе вклучува и движења кои го намалуваат стресот како што е истегнувањето или пешачењето.
Што се однесува до нас, ние ќе чекаме црногорската академија на науки да менторира некое истражување кое на светот ќе му ги обелодени супериорните предности на лежењето.
#чесилежиме