Полицајците од градот Аалборг по неколкуминутно слушање решиле да го прекинат настапот на уличниот гитарист затоа што звучел „ем лошо, ем гласно“.
Му рекле да прекине и да оди дома да вежба.
Му дале објаснување кое е политички некоректно но прецизно до последен тон:
„Тоа што ги знаеш акордите на Вондервол од Оезис, не значи дека треба и да ја свириш таа песна пред луѓе“.
Башка, тврдат дека гласот на дечкото ни од далеку не звучел како оној на Лијам Галагер.
За да доловат дека мотивите на ваквата интервенција не била промоција на полициска држава туку одбрана на добриот вкус (и ретко добрата смисла за хумор), полициското соопштение до медиумите за овој случај имало наслов:
"TODAY IS GONNA BE THE DAY THAT THEY'RE GONNA THROW IT BACK TO YOU".
Па, браво.