Објавувајќи документ во кој ја ставија под знак прашање корисноста на неолиберализмот, минатото лето тројца високи економисти од ММФ потврдија дека неолиберализмот постои, и дека не е само политичка клевета или заговорнички муабет. Плус и официјално му ги закачија досегашните достигнувања на "неолибералната агенда": притискање за дерегулација на економијата, присилување на отворени пазари за трговија и капитал, и инсистирање на смалување на владите преку штедење и приватизација. Во доказите што ги цитираат ова трае од 1980-те.
Иако терминот постои од 1930-те, тој стана сеприсутен дури некаде по финансискиот крах од 2008, кога вината за истото не беше префрлена на една партија, туку на естаблишментот за тоа дека власта што ја имал ја предал на пазарот. Бил Клинтон и Тони Блер беа обвинети дека ги напуштиле традиционалните левичарски позиции, посебно во однос на работниците, во корист на финансиските елити и лично богатење.
Објаснувајќи дека целта на неолиберализмот е да се ослабе социјалната држава и каква било посветеност на комплетна вработеност, да се намалат даноците и да се дерегулира пазарот, Стивен Меткалф во Гардијан пишува:
"На кратко 'неолиберализам' не е само име за про-пазарни политики, или за компромиси со финансискиот капитализам направени од социјал-демократски партии во пропаѓање. Тој е име за премиса која, тивко, почна да ги регулира сите пракси и верува дека конкуренцијата е единствениот легитимен принцип за организирање на човековата активност."
Зборувајќи за тоа како Хилари Клинтон "неолиберален архи-негативец" што беше поразен од човек кој со време сфати дека треба да се преправа дека ја мрази слободната трговија, Меткалф ја објаснува поврзаноста меѓу изборот на американскиот претседател и "бездушниот парагон на ефикасност познат како слободен пазар":
"Не е само дека слободниот пазар произведува мал список победници и огромна армија губитници - а губитниците, барајќи освета, се свртија кон Брегзит и Трамп. Имаше, уште на почетокот, неизбежна врска меѓу утопискиот идеал за слободен пазар и дистописката сегашност во која се наоѓаме; меѓу пазарот како уникатно мерило на вредноста и бранител на слободата, и нашиот сегашен пад во пост-вистини и нелиберализам."
Целосниот текст на Меткалф тука